Разочарувачки: Walmart со намалена продажба за 0,3% во вториот квартал од годината
Разочарувачки резултати во вториот квартал од годинава оствари водечкиот синџир продавници за малопродажба, Wal-Mart Stores Inc. Cпоред податоците објавени од компанијата, продажбата во продавниците, брендирани како Walmart, се намалила за 0,3%, пренесе DPA.
Компанијата успеа да ја зголеми продажбата за 2,4% до 116,2 милијарди долари, но само благодарение на новооткриените продавници.
„Бизнис средината во трговијата на мало останува тешка, а корисниците остануваат претпазливи во трошењето” - посочи финансискиот директор на Wal-Mart, Чарлс Холи.
Компанијата прецизираше дека профитот е зголемен за 5,2% до 5,52 милијарди долари во продавниците во САД. Wal-Mart, во која работат повеќе од 2 милиони луѓе, ја намали прогнозата за раст на продажбата во текот на целата година од 5-6 проценти до 2-3 проценти.
Слично
