РАЗОЧАРАНИОТ ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА СО ГОЛЕМА ДОНАЦИЈА ЗА ВМРО - ДПМНЕ: продолжуваат партиските препукувања пред избори
По вчерашната објавата дека член на партијата „Левица“ ја напуштил истата поради несогласувања во истата, политичките препукувања добија нова димензија.
Имено, за потесетување носителот на листата на советници во Аеродром, Дарко Масларковски објави дека ја напушта партијата Левица поради бројни несогласувања.
По неговото објаснување зошто донел таква одлука, јавно преку својот Фејсбук профил, на истата социјална мрежа почнаа да се шират наводни списоци од донации за најголема опозициска партија ВМРО - ДПМНЕ.
Според објавата на „Трета опција“, на документот кој го пренесуваат, и за кој тврдат дека се списоци од донатори на ВМРО-ДПМНЕ стои името на Масларковски.
Еве што објавија од „Трета опција“:
- Ајдеее "разочараниот" советник од Левица со жена му донирале 500.000 денари на ДПМНЕ

