РАЗОЧАРАН СУМ ОД НАВРЕДИТЕ НА ПРОТЕСТИТЕ - Филипче ќе бара став од Лекарската комора
Министерот за здравство Венко Филипче е разочаран од навредите изречени на вчерашниот антиваксерски протест, и вели дека ќе бара за тоа што се случи вчера став од Лекарската комора на земјава.
„Морам да кажам дека сум разочаран од вчерашниот протест, поради тоа што вчера не слушнавме никаква реторика и порака во однос на вакцините за жал тоа беше протест полн со навреди и закани за здравствените работници тие коишто ги ризикуваа животите во сите бранови како и сега“, рече Филипче.
Тој рече дека ќе побара од Лекарска комора на Република Северна Македонија, да излезе со став за она што вчера се случи.
Слично
