Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЛОКАЦИЈА: Mузеј на УЧК ќе се гради во Арачиново

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЛОКАЦИЈА: Mузеј на УЧК ќе се гради во Арачиново

Mузеј на УЧК ќе се гради во Арачиново.

Oва е ветувањето на градоначалникот Ридван Ибрахими. Тој во изјава за ТВ 21 вели дека изградба на музеј на УЧК во Арачиново е едно од неисполнетите ветувања.

Кажа дека допрва ќе треба да изберат локација за музејот. Веќе има неколку места како опција, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.

Доколку Ибрахими го реализира ветувањето, тоа ќе биде уште еден музеј посветен на поранешните припадници на ОНА.

Во Арачиново во 2005 година бесправно е изграден меморијален центар за загинатите припадници на поранешната ОНА. Музеј на ОНА има и во липковското село Слупчане. 

„Арачиново е 100 отсто село со етнички Албанци во Македонија и таму Македонци малку се движат. Илузорно е таму изградба на споменик на бранителите и невозможно е. Таква е состојбата. Достоинство само одеше 15 години на заседата кај Вејце. Последните две години се охрабрија да дојдат и други авторитети“, изјави претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Вели дека денес меѓуетничките односи се на повисоко ниво и многу малку има напнати моменти.

Министерството за одбрана објави дека е започната постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.

Фото: Фејсбук Ридван Ибрахими

Слично

Поврзани вести