Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Разменивме мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици“: Муцунски оствари проштална средба со Агелер

„Разменивме мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици“: Муцунски оствари проштална средба со Агелер

Министерот за надворени работи Тимчо Муцунски денеска оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

- Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.

На средбата изразивме заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.

Воедно, разменивме мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдивме заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО - истакна Муцунски во објавата.



Слично

Поврзани вести