Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗМЕНА ЧЕКИЌ ДУРОВИЌ СТАВИЛА ПОТПИС НА ФАЛСИФИКУВАНАТА ЛИЦЕНЦА: „Многумина уживаат во корумпираниот систем“, што друго соопшти Мицкоски

РАЗМЕНА ЧЕКИЌ ДУРОВИЌ СТАВИЛА ПОТПИС НА ФАЛСИФИКУВАНАТА ЛИЦЕНЦА: „Многумина уживаат во корумпираниот систем“, што друго соопшти Мицкоски

Фалсификуваната лиценца за дискотеката ја потпишала тогашната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, потврди премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи дека истрагата ќе открие уште многу системски пропусти.

„Повеќе од 20 лица се приведени или изведени пред обвинител на распит. Тоа што некој за пари фалсификувал лиценци е најмалиот проблем. Прашањето е како оваа лиценца од 2014 година добила дозвола, како се пренесувала од едно на друго име, па на крај била фалсификувана и препокриена со друга. Ова е системски проблем, системски грешки и истрагата ќе го покаже тоа,“ изјави премиерот.

Според него, овој случај е само дел од поширок проблем во системот.

„Доколку мислите дека ова е единствен случај, се лажете. Вакви има стотици, ако не и илјадници. Ова е потврда дека многумина уживаат во корумпираниот систем што мора да го поразиме,“ нагласи Мицкоски.

Тој вети дека ќе направи сè што е во негова моќ одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата и најави дека истрагата ќе продолжи со утврдување на одговорноста за ова и слични случаи.

фото: YouTube/Print Screen

Слично

Поврзани вести