„РАЗЛИКАТА Е 7:1“: Јанчев прогласи победа во Кавадарци
Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат во Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев прогласи победа во прв круг.
„По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати! Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати! Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија! Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте! Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот“, напиша Јанчев на Фејсбук.
Се заблагодари и на советничката листа од неговата партија.
„Голема благодарност до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа! Продолжуваме уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност. Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех! За Кавадарци, за Македонија, со срце и душа“, вели Јанчев.
Слично
