„РАЗЛИКАТА Е 10 СПРЕМА 1„: ВМРО-ДПМНЕ вели дека освоиле 12.000 гласови повеќе, а СДСМ изгубиле 110 илјади гласови за разлика од минатите избори
Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници, соопшти утрово ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДС изгуби 111.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот круг, а СДС изгуби 6. Соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДС по првиот круг е 10 спрема 1. Граѓаните направија вистински избор, избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност“, велат од партијата.
Од таму посочуваат дека се фаворит и во вториот круг.
„Во вториот круг на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ е асполутен фаворит во сите 26 општини. Затоа, ги повикуваме граѓаните, во вториот круг да го дадат својот глас на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и масовно да го заокружат бројот 9. Да ја запечатиме победата и да го направиме вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, соопшти владејачката партија.
