Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗГОВОРОТ БИЛ ДОЛГ: Каракачанов откри дека има две опции

РАЗГОВОРОТ БИЛ ДОЛГ: Каракачанов откри дека има две опции

Тие сфатија дека Бугарија не води никаква политика на тврдоглавост, туку води принципиелна политика, дека Бугарија е суверена држава и дека не е под влијание на расположението во една или друга европска или светска престолнина, вели вицепремиерот Красимир Каракачанов по денешните разговори на  Македонија со Бугарија. 

Тој во рамките на Самитот на Берлинскиот процес во Софија, изјавил дека сè зависи од властите во Скопје.

„Има две опции – или добро завршува целиот процес за Бугарија и Македонија, или за Македонија разговорите за влез во Европската Унија ќе бидат одложени на некое време. Бугарија не е кандидат-членка на Европската Унија, а Македонија е кандидат-членка. И кандидатот треба да го почитува тоа барање во Европската унија, односно не треба да имате нерешени проблеми со соседите“, изјави Каракачанов.

Тој додал дека денешниот разговор бил долг.

„Започна во 10 часот изутрина и буквално заврши во десет минути до 17 часот, односно малку пред да тргнам за Самоков. Долго разговаравме во една навистина добра атмосфера, имавме пријателски разговор, без потреба од преведувачи, па мислам дека не разбраа. Отсега во нивни раце е да ја прилагодат нивната политика, бидејќи никогаш не е доцна, подобро доцна отколку никогаш“, вели Каракачанов. 

Денеска се сретнаа македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов. 

БАН информираше дека го поддржува ставот на бугарската Влада да не ја прифати предложената преговарачката рамка на Европската Комисија за Македонија.

Слично

Поврзани вести