Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разбојник не успеал да ја одземе чантата од велешанка, па ја нападнал физички

Разбојник не успеал да ја одземе чантата од велешанка, па ја нападнал физички

Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против 30-годишен велешанец за разбојништво и достави предлог за определување мерка притвор, откако во петокот нападна жена од која не  можел да ја одземе нејзината чанта.

„На 17 февруари, кај местото викано „Сточно пазариште“, се приближил од зад грб на една жена, ја повлекол за чантата и започнал да ја влече. Бидејќи не можел да ѝ ја оттргне, ја удрил по окото и устата, нанесувајќи ѝ телесни повреди, ѝ ги скршил очилата, па ја турнал на земја“, се вели во информацијата на ОЈО Велес.

Од оштетената ја одзел чантата со паричник во кој имало околу 300 денари, 20 евра и лични документи.



Слично

Поврзани вести