Разбојништво во казино во општина Центар
Непознато
маскирано лице во неделата пред полноќ, извршило разбојништво во казиното на булевар „11-ти Октомври“. Сторителот со
закана со пиштол од вработената одзел околу 150.000 денари, по што побегнал во непознат правец.
Од МВР соопштуваат, разбојништовото било пријавено на 18 февруари
во 23.50 часот во Полициската станица Центар, а било извршено истиот ден околу 23.00 часот
во казино на булевар „11-ти Октомври“.
Се преземаат марки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на
случајот.
Слично
