Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Разбивачот“ на зелениот кров бил газда на хотел во ГТЦ?

„Разбивачот“ на зелениот кров бил газда на хотел во ГТЦ?

Непознатото лице кое на безбедносните камери се виде како ја демолира инсталацијата на зелениот кров што се поставува на Градскиот трговски центар е газда на хотел кој бил незадоволен од тоа што не му било дозволено во зелената градина да пречекува гости, односно на истото место да има негова летна тераса. Станува збор за сопственик на два хотели во Скопје.

„Сопственик на хотел е лицето кое кршеше и уништуваше инсталации. Со ова лице извесно време имаме проблеми. Бараше од нас да му дозволиме градината која ја правиме да ја користи како тераса за неговиот објект. Хотелот веќе неколку месеци не работи, па сакаше да го пренамени во угостителски објект и дел од зелената градина да му биде летна тераса. Нормално дека не му дозволивме бидејќи овој дел од ГТЦ го правиме за сите граѓани, како место за рекреација и слободен влез за секого“, велат вработени во трговскиот центар за СДК.

Снимките од безбедносните камери ќе се предадат на Министерството за внатрешни работи откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ги објави на социјалните мрежи. Проектот зелен кров на ГТЦ започна да се спроведува оваа година како дел од кампањата за промена на односот кон климатските промени.


Слично

Поврзани вести