Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разбиена терористичка мрежа во Австрија, меѓу уапсените и македонски државјанин

Разбиена терористичка мрежа во Австрија, меѓу уапсените и македонски државјанин

Македонски државјанин денеска е уапсен во Австрија под сомнение дека е поврзан со групата „Исламска држава“. 

Бугарин и уште 10 лица, а  меѓу нив и државјанин на Македонија се уапсени во Австрија под сомнение дека се дел од терористичка организација и можеби се поврзани со „Исламска држава“, пренесе Франс прес. Меѓу уапсените има тројца австриски граѓани, двајца Бошњаци, Сириец и Македонец. Тие се на возраст меѓу 21 и 49 години. Апсењата се направени по претреси на неколку домови во Грац и Виена.

Во акцијата учествувале 800 полицајци. Операцијата е насочена кон лица од поранешна Југославија, осомничени дека направиле џихадистичка мрежа во Австрија.

Слично

Поврзани вести