Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разбиена група која нелегално носела луѓе во САД и Канада

Разбиена група која нелегално носела луѓе во САД и Канада

Седум лица се веќе уапсени по претреси во Охрид, Струга, Дебар и Скопје.

Tие како дел од меѓународна криминална мрежа, криумчареле мигранти од земјава носејќи ги во САД и Канада.

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривични пријави за девет лица поради организирање на група и потикнување на извршување на трговија со луѓе, со дете и криумчарење на мигранти, соопшти на прес - конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Групата оперирала во Македонија и Албанија. Со нивна помош околу 50 луѓе нелегално заминале во странство. 

Министерството за внатрешни работи информира дека акцијата е во соработка со САД, Европол и полицијата на Шпанија, Австрија и Бугарија.  Заедничката истрага траела повеќе од една година, а за истото време криумчарите се збогатиле најмалку со  еден милион долари. 

Слично

Поврзани вести