Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раул Гонзалес не ја заборави Македонија за 8 Септември

Раул Гонзалес не ја заборави Македонија за 8 Септември

Раул Гонзалес, или „Ел команданте“ како што популарно го нарекуваат навивачите на ракометниот великан Вардар, не ја заборави Македонија и го испочитува Денот на независноста - 8 Септември.

Поранешниот тренер на црвено-црните со кои актуелниот европски првак ја освои првата континентална титула пред две години беше поканет на приемот од македонската амбасада во Париз, каде што шпанскиот стратег е актуелен тренер на ПСЖ.

„Раул Гонзалес со семејството синоќа дојде на приемот во амбасадата во Париз за одбележување на 8 септември. Го немав лично запознато претходно. Прекрасен човек.“, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук.

Гонзалес ја стекна својата афирмација како ракометен стручњак токму во Македонија, додека претходно во Барсерлона беше само помошник-тренер.

Слично

Поврзани вести