Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ратификацијата помина во Франција, само уште една земја треба да каже „Да“ за прием на Македонија во НАТО

Ратификацијата помина во Франција, само уште една земја треба да каже „Да“ за прием на Македонија во НАТО

Франција го ратификуваше протоколот за прием на Македонија како 30-та членка на НАТО, што значи дека останува уште процедурата да мине во Шпанија за земјата да и се придружи официјално на Алијансата.

„Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Фејсбук.

Во Шпанија во моментов по изборите на 10 ноември постојат тешкотии да се формира стабилно мнозинство во парламентот и Влада поради што не може ратификацијата да дојде на дневен ред.

Според тоа, Македонија иако беше планирано, нема да успее да стане официјална членка на НАТО до Самитот во Лондон во декември. Прогнозите се дека тоа ќе се случи во јануари или февруари.


Слично

Поврзани вести