Ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО конечно во турскиот парламент
Парламентарниот комитет за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција даде зелено светло за нацрт-законот за Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија bo НАТО да биде ставен на дневен ред за ратификација, објави Анадолија.
Комисијата одржа состанок под раководство на нејзиниот претседател, Волкан Бошкир, кој е член на партијата АК во Собранието.
На седницата беа разгледани 10 нацрт-закони, од кои осум беа одобрени, вклучувајќи го и Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Претседателот на турското Собрание, Мустафа Шентоп, за време на неговата посета на Македонија, рече дека Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО за најмногу еден месец ќе биде донесен на седницата на Генералното собрание.
