Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ратификација на Договорот со Бугарија го помина филтерот на Комисијата за надворешна политика

Ратификација на Договорот со Бугарија го помина филтерот на Комисијата за надворешна политика

Зелено светло од Комисијата за надворешна политика за ратификација на Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија на денешното завршување на расправата по предлог-законот .

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу двете држави, го потпишаа премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, на 1 август годинава во Скопје.

Според Лилјана Поповска од редовите на ДОМ  со Договорот се отстранува блокадата на Бугарија во однос на интеграцијата на Македонија во Европската Унија и во НАТО и со него, како што рече се обезбедува официјално признавање на македонскиот јазик како посебен, бидејќи јасно стои дека е потпишан на македонски јазик согласно со Уставот и на бугарски јазик согласно Уставот на Бугарија“.

Артан Груби од ДУИ рече дека Договорот е во духот на заложбите и на посветеноста на парламентарното мнозинство и на Владата на принципот на добри меѓуетнички односи, етничка еднаквост и добри односи без никакви проблеми со соседите, а во насока на интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО.

Слично

Поврзани вести