Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растурена свадба со 110 гости во Тетово

Растурена свадба со 110 гости во Тетово

110 гости се забавувале среде пандемија. Инспектори растурија свадба во Тетово. 

На 4 март полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект каде се затекнати 110 лица кои се забавувале на свадба. Од инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, пријавениот е лишен од слобода и спроведен во просториите на СВР Тетово. 

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и К.К.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Откако почна пандемијата полицијата во повеќе наврати растури свадби во различни општини низ државата. 

Слично

Поврзани вести