Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТОЈАНИЕ, ДЕЗИНФЕКЦИЈА, МАСКИ: Eве како ќе се гласа на 15 јули

РАСТОЈАНИЕ, ДЕЗИНФЕКЦИЈА, МАСКИ: Eве како ќе се гласа на 15 јули

Утврдено е како ќе се гласа на изборите на 15 јули. 

Државната изборна комисија денеска ги утврди задолжителните препораки за заштита од Ковид-19, за денот на гласањето за претстојните парламентарни избори.

На 15 јули нема да може да се гласа без заштитна маска. Секој гласач е должен да држи растојание од 1,5 до 2 метра пред објектот и влезот на самото гласачко место. Пред влегување и на излегување од гласањето, граѓаните ќе мора да ги дезинфицираат рацете.

Гласачите не треба да носат заштитни ракавици. Тоа е задолжително за членовите на избирачките одбори.

ДИК е должна пред и после завршувањето на гласањето во просторите да го дезинфицира секое избирачко место.

На овој начин, од ДИК велат дека ќе се обезбедат сите услови за безбедно гласање и ги повикаа граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита.

Слично

Поврзани вести