Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте притисокот во ковид центрите во Македонија

Расте притисокот во ковид центрите во Македонија

Се зголемува притисокот во ковид центрите. Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче. 

Објаснува дека состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. 

„На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци. Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бра“, напиша Филипче на Фејсбук.

Вели дека мерките вродија со плод, но тие мора и понатаму да се почитуваат. 

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 05 до 11 април 2021, тестирани се вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. 

Регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.

Во Србија веќе има сомнежи дека е присутен бразилскиот сој на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести