Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте нивото на Дојранско езеро, се очекува добра туристичка сезона

Расте нивото на Дојранско езеро, се очекува добра туристичка сезона
Поради интензивните врнежи изминатиов период расте нивото на Дојранското Езеро, јавуваат локалните власти. Благодарение и на хидросистемот Ѓавато, езерото сеуште се полни, а нивото на водата е 20 сантиметри под нулата. Според градоначалникот Борче Стамов, до крајот на месец мај се очекува зголемување на нивото за уште неколку сантиметри, што е важно за добра туристичка сезона. Откако пред една деценија беше пуштен во функција системот Ѓавато, се враќа и животот на езерото кое во 20112-ра година беше на најниското ниво од само 4 метри максимална длабочина.  
Слично

Поврзани вести