Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ: За еден ден се самопопишале над 20.000 луѓе

РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ: За еден ден се самопопишале над 20.000 луѓе

Расте интересот за самопопишување. Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска на прес - конференција информираше дека во последното деноноќие се попишани повеќе од 20.000 граѓани, македонски државјани кои живеат и престојуваат во странство. 

Таа рече дека ова нагло зголемување се должи на викендот и смета дека кампањата што се води во странство ги дава резултатите, апелирајќи до граѓаните да се самопопишуваат. Додава дела тоа е многу едноставна процедура, која е лесно достапна и брзо се завршува. 

„Податоците што се даваат се безбедни и максимално заштитени и ќе се користат исклучиво како податоци само за статистички цели“, изјави Ѓоргиева.

Главниот попис во земјава ќе почне на 1 април, а викендов заврши последниот дополнителен конкурс за попишувачи, на кој се пријавиле над 2.600 лица или околу 800 повеќе од она што требало во одредени пописни реони и нагласи дека се задоволни од одзивот. Вчера се направени списоците, а денеска во сите пописни реони каде се барале попишувачи има тестирање на кандидатите, и се очекува во следните денови да ги имаат резултатите и да почнат да се изготвуваат решенијата за ангажирање на попишувачите. 

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби по посетата во Приштина, денес и утре ќе престојува во Тирана, каде како што известуваат од неговиот кабинет, една од целите на посетата ќе биде и попишувањето на дијаспората.

Слично

Поврзани вести