Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте буџетскиот дефицит, веќе се потрошени над 200 милиони евра

Расте буџетскиот дефицит, веќе се потрошени над 200 милиони евра
Во првите пет месеци од 2013 година,  буџетскиот дефицит надминува 200 милиони евра. Со ова, предвидениот дефицит од 288 милиони евра за годинава, околу 70% веќе е потрошен, а економистите предвидуваат дека ќе биде надминат во септември, под услов да се продолжи со ова темпо на задолжување. Како што покажуваат податоците во Министерството за финансии, најголем дефицит е направен во првите три месеци. Суфицит има само во април, додека државата во мај потрошила скоро 19 милиони евра повеќе отколку што собрала од даноци и други давачки, кога и вкупните приходи се на најниско ниво од 171 милиони евра. Во истиот период во 2012 година, буџетскиот дефицит изнесуваше 88 милиони евра. Предвидувањата за лани беа дека дефицитот ќе биде околу 197 милиони евра или 2,5 отсто од БДП. Сепак, при крајот на септември,  изјави дека дефицитот ќе се зголеми на 3,5 отсто и годината заврши со дупка во државната каса од 289 милиони евра кои се надополнуваат со задолжување. Лани вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека дефицитот ќе биде околу 197 милиони евра или 2,5 отсто од БДП, за  во септември да се ревидира и зголеми на 3,5 отсто. 2012-та во буџетот се јави дупка од 289 милиони евра, која за да се пополни бараше нови задолжувања.  
Слично

Поврзани вести