Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на заразени со коронавирусот во неколку градови

Расте бројот на заразени со коронавирусот во неколку градови

Во неколку македонски градови расте бројот на заразени со коронавирусот. 

Се зголеми бројот на инфицирани во Кавадарци, Прилеп, Охрид. 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово - по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.

Во Кавадарци има 438 активни, во Прилеп 393, а во Охрид има  367 активни случаи на коронавирусот. Куманово, Тетово, Битола иако се поголеми градови, сепак имаат помалку активни случаи. 

Британскиот сој на коронавирусот се шири во Македонија. 

Половина од новозаболените од коронавирусот го имаат британскиот мутиран сој на КОВИД 19, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Топ Тема. 

Тој изјави дека 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против КОВИД-19.

Премиерот Зоран Заев најави дека кинеските вакцини земјава ги очекува до крајот на следната недела. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести