Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на заразени и во Куманово

Расте бројот на заразени и во Куманово

Деновиве расте бројот на заразени и во Куманово. 

Во денешниот извештај на Министерството за здравство, веднаш зад Скопје по бројот на заразени е Куманово. Во главниот град има  618, а во Куманово 94 случаи. Во Скопје активни се 8.838 случаи, а во Куманово 732. 

Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.

Засега нема нови рестриктивни мерки иако бројките на заразени со коронавирусот се високи. 

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести