Расте бројот на заболени од грип а има и нов смртен случај
Нов смртен случај од грип регистрирал Институтот за јавно здравје минатата недела.
86 годишна жена од Скопје е жртва кај која не е утврдено присуство на коморбидитети.
Статистиката објавена на ИЈЗ бележи раст на заболени лица споредбено со претходната недела.
„Во текот на 8-ма недела од 2019 година (18.02-24.02.2019), во Република Македонија се пријавени 3.209(I=155,1/100.000) случаи со заболувања слични на грип, што е за 9% зголемување во споредба со минатата недела (n=2.943).
Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 24,6% споредено со 8-ма недела од минатата сезона (n=4.258), а во однос на бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои зголемување од 36,8%“, соопштуваат од Институтот.
Вирусолошката лабораторија на ИЈЗ примила 115 материјали за тестирање на грип оваа недела. Од тие 77 (67%) како што се соопштува биле позитивни за присуство на вирусот на грип – 67 Influenza A(H1)pdm, 8 Influenza A(H3) и 2 Influenza А несуптипизиран (Графикон 5).