РАСТЕ БРОЈОТ НА ТУРИСТИ: Турците најчести гости во Македонија
Се зголемил бројот на туристи во Македонија. Во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период лани бројот на туристите е зголемен за 12 отсто, и тоа: кај домашните туристи за 2,6 отсто а кај странските за 16,6 отсто.
Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10,2 отсто и тоа: кај домашните туристи за 8,8 отсто, а кај странските за 11 отсто.
Една третина од туристите или 23.919 се од Турција, а близу 6.000 туристи дошле од Србија и повеќе од 5.000 од Германија. Повеќе од 2.000 туристи имало и од Грција, Бугарија, Словенија, Полска Холандија и од САД.
Турците и соседите се најчести гости во Македонија.foto freepik.com/saiko3p
Слично
