Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТЕ БРОЈОТ НА „ТРКАЧИ“ ЗА ГЛАВНИОТ ГРАД - 1.000 потписи за Скопје ќе собира и поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски

РАСТЕ БРОЈОТ НА „ТРКАЧИ“ ЗА ГЛАВНИОТ ГРАД - 1.000 потписи за Скопје ќе собира и поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски

Се повеќе амбиции за освојување на градоначалничката фотеља на главниот град на земјава, Скопје. 

После неколкуте кандидатури, денеска објави дека потписи за независен кандидат собиора и Љубомир Јосифовски, некогашен пратеник кој доаѓаше од редовите на НСДП. 

Тој денеска преку фејсбук објави дека собира 1.000 потписи и дека ја поднел својата кандидатура до Државната изборна комисија, од што објави и фотографија од кандидатурата.

„Почнуваме...Со ЉУБОв и МИР.... За Скопје...“, напиша на фејсбук Љубомир Јосифовски.

Како што е познато, досега СДСМ ја објави кандидатурата на актуиелниот градски татако Петре Шилегов, а независни кандидатури објавија и претседателката на ССК, Данела Арсовска, поранешната директорка на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска, како и актерот и член на бендот „Меморија“, Петар Георгиевски.

Слично

Поврзани вести