Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТЕ БРОЈОТ НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ: Од каде имало најмногу гости во ноември?

РАСТЕ БРОЈОТ НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ: Од каде имало најмногу гости во ноември?

Во ноември 2017 година Македонија ја посетиле 50 869 туристи, а бројот на ноќевањата е 115 749, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Најбројни се гостите од соседството. Во наведениот период во земјава имало  4 326 турски туристи и 3 428 српски туристи. 3 498 туристи имало од Грција, 1 480 туристи имало од Косово,  1 229 од Германија,  3 269 од Бугарија. 

Бројот на туристите во ноември лани во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 15.2%, а бројот на ноќевањата пораснал за 18.1%. 

Бројот на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 1.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.5%.  

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 0.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи пораснал за 35.9%. 

Во периодот јануари-ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.7%, а кај странските има зголемување за 23.5%. 

Во периодот јануари-ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.6%, а кај странските има зголемување за 22.6%.

Слично

Поврзани вести