Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на персонал на Универзитетската Клиника за детски болести

Расте бројот на персонал на Универзитетската Клиника за детски болести

Универзитетската Клиника за детски болести ќе добие уште нови 20 медицински сестри.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во текот на вчерашниот ден стигнале согласностите за вработување на 20 медицински сестри на Детската клиника со што,  значително ќе се подобри капацитетот на оваа јавна здравствена установа.

„Како Влада остануваме посветени на подобрување на персоналниот капацитет секаде каде што треба во јавните здравствени установи“, додаде Филипче по примопредавањето на донацијата апарат кој го олеснува дишењето кај предвремено родените бебиња со поддршка на Германската амбасада и проектот Хопе.

Директорката на Детската клиника, Катарина Ставриќ изјави дека со новиот персонал очекува значително да се зајакне кадарот на Клиниката.

„Се надеваме дека ќе успееме и доктори, педијатри да вработиме и навистина да го подигнеме квалитетот на здравствената грижа. Опремата е едно, меѓутоа кадарот е исто така многу важен. Тука има улога и проектот Хопе во поглед на постојаната едукација на кадарот за постигнување на врвни успеси“, додаде Ставриќ.

Слично

Поврзани вести