РАСТЕ БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗАЦИИ ПОРАДИ КОВИД КОМПЛИКАЦИИ: Во ковид-центрите има 576 пациенти, слободни се 183 болнички кревети
Поради
компликации од ковид хоспитализирани вкупно 576 пациенти и има 183
слободни болнички кревети на инфективните
одделенија и во ковид – центрите во државава.
-Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември“ и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ, информираа за МИА од Минстерството за здравство.
Посочија дека според податоците кои клиниките и болниците секое утро им ги доставуваат, во моментот во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември“ и на Институтот за ТБЦ.
Министерството за здравство, како што се нагласува, на дневна основа ја следи состојбата со болничките капацитети во однос на нивната исполонетост, со цел навремено планирање на наредните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.
Инаку, според анализата на Институтот за јавно здравје, согласно извештаите од болниците во однос на хоспитализациите, тие се во пораст во однос на претходната недела за 25,3 проценти. Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 341 се на кислородна поддршка (34,3% повеќе во споредба со претходна недела) и 27 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (идентично во споредба со претходна недела).
