Растат приходите од камати и во категоријата „средни“ банки!
Повеќето од банките кои спаѓаат во категоријата „средни“ во работењето во првото тромесечје од годинава искажуваат загуби, но кај речиси сите банки се забележува раст на приходите од камати.
Освен ТТК Банка каде има благ пад на приходите од камата, Стопанска банка–Битола, УНИ Банка и кај Охридска банка приходите по овој основ растат, и сите банки заедно инкасирале – 7,2 милиони евра.
И покрај тоа што имаат раст на приходите од камати банките прикажуваат загуба, поради оштетување на нефинансиските средства, а во согласност со одлуката на Народната банка за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања. Односно, во согласност со одлука на НБРМ, банките не можат во своите биланси имотот кој е преземен по основ на ненаплатени побарувања постојано да го прикажуваат со иста вредност, иако тие со години не можат да го продадат.
Со оглед на остварените финансики резултати од работењето банките во следниот период најавуваат преземање на интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на преземениот имот за да се подобрат финансиските резултати, штон сето заедно најавува консолидација и на банките од оваа група.
Охридска банка со добивка од 1 милион евра
Во првите три месеци од годината Охридска банка има добивка од 1 милион евра, за разлика од лани во истиот период кога добивката на банката изнесувала 448 илјади евра. Банката бележи раст на приходите од камати и благ пад на приходите од провизии.
Нето-приходите од камати во првото тромесечје од годинава имаат раст за 6,23% споредено со истиот период лани. Растат и каматните приходи, но и каматните расходи.
„Зголемените каматни приходи се резултат на зголемената активност и зголемената просечна состојба на кредити додека каматните расходи се зголемени како резултат на каматните трошоци за зголемените депозити на население и каматни трошоци за зголеменото финансирање од меѓународните финансиски институции. Во нето приходите од камати е вклучен и позитивниот ефект од наплата на сомнителни и спорни побарувања од камати во нето износ од 19,7 милиони денари“, стои во објаснувањето од банката
Прво тромесечје 2014 година 2013 година
Приходи од камата 6,1 милиони евра 5,8 милиони евра
Расходи за камата 2,7 милиони евра 2,6 милиони евра
Нето-приходи од камата 3,4 милиони евра 3,2 милиони евра
Охридска банка има намалување на нето-приходите од провизии и надоместоци. Односно во првите три месеци по овој основ банката инкасирала 831 илјади евра, за разлика од истиот период лани кога инкасирала 905 илјади евра.
„Тоа е резултат на зголемените трошоци од провизии, а најмногу поради провизиите за СГ гаранциите во март 2014 и истовремено зголемените трошоци за провизии од Mastercard и Visa. Во делот на приходите од провизии забележана е позитивна динамика на приходите од провизии од население, како и приходите од провизии за издадени гаранции. Во вкупните приходи од провизии и надоместоци со 69,1% учествуваат приходите од корпоративни клиенти, 23,5% од физички лица и самовработени, додека пак 7,4% се провизии од финансиски институции ( вклучувајќи ги тука и провизиите од Вестерн Унион и картично работење), објаснуваат од банката.
Нето-приходите од курсни разлики имаат намалување, но реализацијата во тековната година е во целот во согласност со планираните. Другите приходи се зголемени и во нив е вклучена реализираната капитална добивка од продадената екпозитура и средство преземено врз основа на ненаплатени побарувања. Во 2014 година алоцирани се 86 илјади евра за исправка на вредноста на нефинансиските средства.
Стопанска банка–Битола со раст на приходите од камати
Стопанска банка-Битола, во првото тромесечје од годинава има минус од 1,5 милиони евра. Банката лани во овој период имаше негативен финасиски резултат од 509 илјади евра.
„Ваквиот резултат се должи на издвоена загуба поради оштетување на нефинансиските средства согласно Одлуката од НБРМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, како и помалиот износ на ослободена исправка на вредност на финансиските средства на нето основа,“ објаснуваат од банката.
За подобрување на финансиските резултати од банката најавуваат дека ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити, продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. При тоа потенцираат дека и во идниот период ќе се настојува да се одржи трендот на раст на нето приходите од камати и провизии за да се подобрува финансискиот резултат и покрај неповолната економска состојба во земјата и светот како последица на светската финансиска криза.
Сепак дека банката оди кон консолидација покажуваат приходите од камати, Стопанска банка-Битола во првото тромесечје од годинава има раст од 18,94% на нето приходите од камати при што приходите од камати се зголемени за 9,37%, а расходите за камати се пониски за 2,37%. Оваа состојба од банката ја објаснуваат како резултат на зголеменото бруто кредитно портфолио и подобрената квалитативна структура на истото следствено на наплатата на дел од нефункционалните кредити.
Прво тромесечје 2014 година 2013 година
Приходи од камата 1,3 милиони евра 1,1 милиони евра
Расходи за камата 522 илјади евра 534 илјади евра
Нето-приходи од камата 778 илјади евра 655 илјади евра
Банката во истиот период регистрирала и раст на нето-приходите од провизии за 28,92%, при што објаснуваат дека тоа е резултат на зголемениот обем на кредитни работи и работи во платниот промет, како и доброто управување со трошоците. Нето–приходите од провизии во првото тромесечје од годината изнесува 345,7 илјади евра, за разлика од лани во истиот период кога приходите од провизии и надоместоци изнесувале 268,1 илјада евра.
Останатите приходи од дејноста се скоро шест пати повисоки од остварените во првиот квартал од 2013 година што главно се должи на капитални добивки од продажба на дел од преземениот имот.
УНИ Банка приходите од камати бележат раст од 19 %
Универзална инвестициона банка-УНИ Банка, во првото тромесечје од годинава е во минус од 387 илјади евра, за разлика од лани кога загубата на банката изнесуваше 270 илјади евра.
„ Во услови на остварени повисоки вкупни приходи за 19,13% во однос на истиот период лани, загубата беше резултат на оштетувањето на нефинансиските средства кое беше направено на 01.01.2014 година во износ од 47,2 милиони денари а согласно измените во законската регулатива, објаснуваат од банката.
Банката бележи раст на нето-приходите од камати за 19, 9%. Односно лани нето приходите на банката во првото тромесечје изнесувале 1,6 милиони евра, додека годинава изнесуваат 1,9 милиони евра. При тоа има намалување на приходите од камата, но има тренд и на намалување на расходите за камата.
Прво тромесечје 2014 година 2013 година
- Приходи од камата 2,7 милиони евра 2,9 милиони евра
- Расходи за камата 778 илјади евра 1,3 милиони евра
- Нето-приходи од камата 1,9 милиони евра 1,6 милиони евра
- Приходи од камата 1,7 милиони евра 2 милиони евра
- Расходи за камата 500 илјади евра 655 илјади евра
- Нето приходи од камата 1,2 милиони евра 1,3 милиони евра
Слично
