Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ ВО ОДНОС НА ЛАНИ: Koлку патници се превезени од двата аеродроми?

РАСТ ВО ОДНОС НА ЛАНИ: Koлку патници се превезени од двата аеродроми?

Oд двата аеродроми во земјава во јануари годинава превезени се вкупно 151.381 патници. 

Ова претставува раст од 18,7% споредено со истиот месец лани, информираат од Министерство за транспорт и врски.

На скопскиот аеродром, регистрирани се вкупно 145.592 патници што во споредба со јануари 2017 година, кога се превезени 123.118 патници, има зголемување од 18,3%.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, бројот на превезени патници пораснал за 30,8% во однос на бројот на патници во јануари, минатата година. 

Од Министерството за транспорт и врски наведуваат дека работат за создавање на широка мрежа дестинации достапни за граѓаните на Република Македонија

Слично

Поврзани вести