Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ НА ТУРИЗМОТ: Во јули над 25.000 турски гости во Македонија

РАСТ НА ТУРИЗМОТ: Во јули над 25.000 турски гости во Македонија

Бројот на туристите во јули 2017 година изнесува  153 435, а бројот на ноќевањата e 584 014.

Турците се најбројни гости и во овој период Македонија ја посетиле 25.468 турски гости. 

Во земјава дошле и над 5000 Холанѓани, скоро 2500 гости од Австралија, над 1000 Швеѓани и швајцарски државјани, повеќе од 1000 Хрвати и Французи, повеќе од 8000 Срби, над 5000 Полајци, 3242 Грци, 4.104 Бугари и други. 

Oвие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика.  Бројот на туристите во јули годинава, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 18.3%, а бројот на 
ноќевањата пораснал за 10.9%.

Бројот на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 3.0%, а бројот на  странските туристи е зголемен за 32.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 4.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26.8%.

Во периодот јануари - јули  во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите  е зголемен за 14.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.3%, а кај странските има зголемување  за 17.6%.

Во периодот јануари - јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата  е зголемен за 11.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 17.6%.

Слично

Поврзани вести