Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ НА ТУРИСТИЧКИTE ПОСЕТИ: Гости од овие земји навалија во Македонија

РАСТ НА ТУРИСТИЧКИTE ПОСЕТИ: Гости од овие земји навалија во Македонија

Србите, Грците, Бугарите и Турците биле најбројни туристи во земјава во ноември. 

Во наведениот период Македонија ја посетиле  3.753 српски туристи,  2.800 Турци, 3.603 Грци, и 3 719 Бугари. Но, има и голем број Албанци, Косовци, Германци, Словенци, Хрвати кои ја посетиле Македонија. 

Бројот на туристите во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 12%, а бројот на ноќевањата пораснал за 9.2%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2018 година изнесува 56 948, а бројот на ноќевањата изнесува 126 373.

Бројот на домашните туристи во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 16%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.8 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 11.8 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.3 %. 

Во периодот јануари − ноември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2 %, а кај странските има зголемување за 12.3 %. Бројот на ноќевањата е зголемен за 14.7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.1 %, а кај странските има зголемување за 15.3 %.

Слично

Поврзани вести