Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - повисоки цените имаат и нафтата и златото

РАСТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - повисоки цените имаат и нафтата и златото

Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, а берзите истовремено забележаа и скок на цените на нафтата и златото.

Во мај, економијата на Велика Британија порасна над очекувањата, поточно за 0,4 отсто во однос на претходниот месец, охрабрувајќи ги инвеститорите, пишува Гардијан.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.433,85 поени,  британскиот FTSE 100 на 8.215,53 поени, францускиот CAC 40 на 7.619,99 поени, додека московскиот MOEX порасна на 3,215.91 поени.

Исто така и вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 39.721,36 поени пред денешното отворање на берзата во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 порасна на 5.633,91 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.647,45 поени.

Според податоците на берзите, цената на нафтата од типот „ брент“ утрово се зголеми за 0,42 проценти и се продаваше по 85,47 долари за барел.

Цената на златото исто така се зголеми и тоа за 0,33 отсто на 2.380 долари за унца.

Слично

Поврзани вести