Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст и на капиталот и на добивката на Стопанска Банка – Скопје

Раст и на капиталот и на добивката на Стопанска Банка – Скопје
Со раст на приходите од камата и од провизии во измината 2012 та година, Стопанска Банка, една од водечките банкарски групации во земјава прикажа добивка од 12,9 милиони евра. Според неревидираниот Биланс на успех за 2012 та година, Стопанска Банка успеала да оставри раст на нето добивката од 26,3 проценти во споредба со 2011 та година, кога добивката изнесувала 10,2 милиони евра.

Значаен пораст има кај нето-приходите од камата, кои заклучно со декември изнесуваат 41,6 милиони евра што во однос на годината претходно претставува раст од 17,1 отсто. Само во последниот кавартал од 2012 та во споредба со истиот период од 2011та година, растот кај нето-приходите од камата изнесува 40,9 отсто.

Во исто време, според неревидираниот Биланс на успех, пораст има и кај нето-приходите од провизии и надоместоци. Лани изнесувале 15,2 милиони евра, што во однос на 2011 та година претставува пораст од 10,2,проценти.

На расходната страна, Стопанска Банка во 2012 та ги зголемила трошоците по основ на загуби поради оштетувања од дадени кредити и заеми. Оваа ставка изнесува 16,8 милиони евра и во однос на 2011 та година е зголемена за 39,7 отсто. Во истиот споредбен период пак се забележува намалување на трошоците за вработените од 2,25 %.

Вкупниот капитал на Стопанска Банка, заклучно со 31 декември 2012 та година, изнесува 157,8 милиони евра, од кои 57 милиони евра изнесува акционерскиот капитал. Во однос на 2011 та, кога вкупниот капитал изнесуваше 134,7 милиони евра, лани,  Стопанска Банка прикажа раст од 23 милиони евра, кои се должат главно на порастот на акомулираната добивка.

Слично

Поврзани вести