Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

Годишен раст на вкупните депозити во октомври изнесува 11 проценти и се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. 

Вкупните кредити се зголемени за 9,2 отсто како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор, соопшти Народна банка.

Вкупните депозити во октомври имаат месечно зголемување од 1,7 отсто поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор.

Во октомври, вкупните кредити остварија раст од 1,8 проценти на месечна основа. 

Кредитите на домаќинствата во октомври забележаа месечно зголемување од 0,9 отсто. 

Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории бележат месечен раст од 0,9 и 1,1 процент. 

Кај автомобилските кредити е остварено месечно и годишно зголемување од 0,9 проценти и 13,6 отсто. 

Кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековните сметки, во октомври, се повисоки за 0,2 отсто и 1,5 проценти, соодветно, на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од 8,5 отсто и 0,8 проценти, соодветно. 

Кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно зголемување од 0,4 отсто, во услови на годишен пад од 16,1 проценти


Слично

Поврзани вести