Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСПУКАН И ПРОПАДНАТ ТРИ МЕСЕЦИ Е ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ, ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА НЕ КАЖУВА ДАЛИ И КОГА ЌЕ СЕ САНИРА

РАСПУКАН И ПРОПАДНАТ ТРИ МЕСЕЦИ Е ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ, ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА НЕ КАЖУВА ДАЛИ И КОГА ЌЕ СЕ САНИРА

Три месеци е затворена улицата Мариовска односно патот кон Теферич во скопската Општина Кисела Вода. Улицата е со прокопи и пропаднат и испукан асфалт поради што се случија неколку сообраќајни несреќи, по што беше затворена за сообраќај. Во меѓувреме, како што велат граѓани кои секојдневно го користат овој пат и живеат во Сопиште, Горно и Долно Соње, ништо не се прави да се санира и повторно да биде пуштен во употреба, пишува СДК.

„Станува збор за 70 метри асфалт кој треба да се санира за да може целата населба, а со тоа и околните населби, нормално да функционираат во еден главен град. Ова е клучна делница за голем број население затоа што опслужува голем број возила кои редовно циркулираат одовде. Во шпиц часовите од денот, а особено во тек на школска година, бројот на возила е значително зголемен“, вели граѓанин. 

Кажа дека проблемот не се решава со месеци. Жителите велат со тоа што овој пат е затворен беспотребното се оптоварува сообраќајот низ Припор и мора оттаму да кружат за да стигнат до домовите.

фото СДК

Слично

Поврзани вести