Распука мозаикот на Скендербег во Скопје
Фото: Порталб
Една година по официјалното отворање на плоштадот "Скендербеу" во Скопје, распука мозаикот, објави Порталб.
Општина Чаир, одговорна за плоштадот Скендербг, информирала дека ангажирала комисија во рамките на Секторот за надзор за да го провери случајот, но и дека се констатирало дека мозаикот не е оштетен.
"Секторот урбанизам во општина Чаир континуирано се грижи за одржување на плоштадот Скендербег со ставање на потребната урбана опрема, садење цвеќиња и редовно чистење. Комисијата нарачана од овој сектор од последната проверка на терен покажа оштетување на плочки и скали кои ќе бидат поправени за краток временски период. Во однос на барањето за оштетување на мозаикот, предметната комисија составена од архитекти и инженери не открила каква било штета која бара естетски интервенции ", објаснува општината Чаир.
Познато е дека во 2014 година Владата одвои 11 милиони евра за целиот плоштад Скендербег.

