Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСПРАВИЈА МЕЃУ ПОВЕЌЕМИНА ЗАВРШИЛА ЛОШО - 27 годишник прободен во викендица

РАСПРАВИЈА МЕЃУ ПОВЕЌЕМИНА ЗАВРШИЛА ЛОШО - 27 годишник прободен во викендица

Дваесет и седумгодишно момче од Македонска Каменица е прободено во викенд куќа во Поточко маало во Македонска Каменица. Настанот кој е потврден од полициските служби се случил околу 4 часот изутрината.

Според полицијата, причина за немилиот настан е расправија меѓу повеќе лица.

„На 31 јули околу 4 часот во полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека по претходна расправија, со повреда од остар предмет во Итната медицинска помош  е примен Н.М.(27). По преземени мерки е утврдено дека лицето се здобило со повреда при расправија на повеќе лица во викенд куќа во Поточка маала, во село Тодоровци“, се вели во билтенот од МВР.

За целосно расчистување на случајот се преземени понатамошни мерки од страна на надлежните.

Слично

Поврзани вести