Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расправата за разрешувањето на Зврлевски продолжува в петок

Расправата за разрешувањето на Зврлевски продолжува в петок

Расправата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски ќе продолжи в петок.

Во процедурално обраќање, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја прекине денешната седница и да почека да го добие известувањето дали со расправата се криши Изборниот законик или не. 

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече  дека во Македонија има многу поважни прашања отколку по итна постапка да се разреши Зврлевски. Барањето за разрешување според него  е за да се дефокусира јавноста и да се скријат штетните договори и одлуки на власта. 

По завршувањето на репликите и контрарепликите, Џафери ја прекина работата по дневниот ред на 6-тата седницата и продолжението го закажа за в петок во 11 часот.

Слично

Поврзани вести