Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расправата за разрешувањето на Зврлевски продолжува утре

Расправата за разрешувањето на Зврлевски продолжува утре

Собраниската седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски ќе продолжи в понеделник.

Претседателот на Собранието,  Талат Џафери прво седницата ја презакажа за денеска во 11 часот, но дополнително пратениците се информирани дека поради тоа што тој утре ќе се обрати по повод годишнината од Охридскиот договор, таа ќе продолжи на 14 август.

Претходно, опозицијата реагираше затоа што треба да работи и во недела, но Џафери им одговори на колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека поради  маратонските реплики и контрареплики, тие се виновни за тоа.

Со денови се расправа за разрешувањето на Зврлевски. 

Слично

Поврзани вести