Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСПИТИ, АНАЛИЗИ И ВЕШТАЧЕЊА ОД ГОЛЕМ ОБЕМ ЗА СТРАОТНИОТ ПОЖАР ВО КОЧАНИ - обвинителите работат, ама тоа мора да е тајна за да не се компромитираат доказите

РАСПИТИ, АНАЛИЗИ И ВЕШТАЧЕЊА ОД ГОЛЕМ ОБЕМ ЗА СТРАОТНИОТ ПОЖАР ВО КОЧАНИ - обвинителите работат, ама тоа мора да е тајна за да не се компромитираат доказите

Случајот со страотниот пожар во квази дискотеката во Кочани во кој животите, заедно со хуманиот возач на Брзата помош, ги загубија 60 млади лица, се уште не е завршен за органите на прогонот. 

Имено, денеска на барање на новинарите Јавното обвинителство брифираше дека континуирано се преземаат дејствија, се прават бројни распити, вештачења, но поради тајноста на постапката, тоа засега не смее да се споделува со јавноста.

„Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази. Такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции, се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите  обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите“, се вели во објаснувањето кое новинариоте го добија од Јавното обвинителство.

Слично

Поврзани вести