Распишан тендерот за компресорска станица за хируршките сали
Министерот за здравство, Арбен Таравари, објави дека е распишан тендер за набавка на компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Таравари рече дела очекува постапката да заврши и проблемот да биде решем до крајот на годината, кога би бил инсталиран системот.
- Времето до кога треба да се заврши и да се поправи јас се надевам дека ќе биде крајот на декември, а ние ќе инстистираме што поскоро да заврши и да бидат функционални салите, рече министерот.
Таравари додаде дека ќе се консултира и со Министерството за финансии дали постои можност да се реконструираат хируршките сали во болницата „8 Септември“.
Претходно беше донесен заклучок да се укаже на јавната установа заеднички служби за потребите на здравството на Клинички центар да спроведе итна набавка на нова компресорска станица со дислокација на компресорската станица, но и да спроведе итна набавка за нова инсталација на сите хируршки клиники во Клиничкиот центар.
Поради проблемот со компримираниот воздух на Клинички, бројот на операции е двојно намален. Пациенти се враќаат, со образложение дека нема услови да се изведе операцијата доколку не е итна.
Во хируршките сали интервенции се изведуваат само врз пациентите кои се итни случаи. Редовната работа и функционирање на операционите сали се наруши откако поради непријатна миризба, тие беа затворени. Поради колапсот, голем товар понесоа „8 Септември“ и Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на кои повеќекратно им се зголеми бројот на операции кои ги изведуваат.
