Економија, финансии, бизнис

Контакт

Распишан оглас за избор на фирма што ќе урива дивоградби во Охрид

Распишан оглас за избор на фирма што ќе урива дивоградби во Охрид

Министерството за транспорт распиша оглас за избор на фирма што ќе ги урива дивоградбите во заштитените подрачја во Охрид.

„Тендерот е објавен за да бидеме спремни за можни ситуации. Ова го правиме затоа што во Охрид за заштитениот дел има дивоградби, па за да има фирма да може да се постапува. Идеја е да имаме спремен тендер да може да се постапува кога ќе има потреба“, велат од Министерството за транспорт и врски за СДК.

Постапката за уривање ќе ја води Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кој е под надлежност на Министерството за транспорт и врски. Во фокусот ќе бидат дивоградбите долж охридското крајбрежје, кои Општина Охрид со години не ги урива.


Слично

Поврзани вести