Раскинување закуп во Карпош завршило со тепачка пред зграда
Седумдесет и петгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат пред зграда во Карпош, каде што дошол со намера да го раскине договорот за закуп на стан.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 16 јуни во 01:30 часот во СВР Скопје. Б.Т. од Скопје пријавил дека на 15 јуни околу 16:00 часот, во придружба на неговиот внук, дошол пред зграда на подрачјето на Карпош, каде што имал стан под закуп.
Таму, според пријавата, бил пречекан од сопственикот на станот С.К. и од А.Н., претставник на агенција за недвижнини. Додека ја отклучувал влезната врата, пријавителот навел дека бил удрен по рака од сопственикот, по што возвратил со метална прачка.
Потоа, според пријавеното, сопственикот на станот и претставникот на агенцијата физички го нападнале 75-годишниот маж.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
