Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАШКОВСКИ ЗА ОНИЕ КОИ СЕДЕЛЕ ДОМА, И ПРИМАЛЕ ПЛАТА: Само два-тројца имаат факултетско образование

РАШКОВСКИ ЗА ОНИЕ КОИ СЕДЕЛЕ ДОМА, И ПРИМАЛЕ ПЛАТА: Само два-тројца имаат факултетско образование

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски вечерва во Топ тема  на Телма изјави дека вработените во Генералниот секретеријат на Владата кои не доаѓале на работа, а примале плата направиле штета на Буџетот и треба да ги вратат парите.

Тој додаде дека правото во Македонија мора да почне да се применува онака како што е напишано.

Рашковски рече дека разговарал со вработените со Секретаријатот кои земале плата, а не доаѓале на работа.

„Само два-тројца од нив имаат факултетско образование, сите други се со средна стручна спрема. Ги прашав кој знае англиски, само еден дечко крена рака. Направивме муабет на англиски и му понудив да го распределиме на работно место каде има потреба од кадар. Две недели повторно не доаѓаше на работа. Кога го прашав зошто пак не доаѓа, рече дека сака да се солидализира со другите и да не работи ништо“- кажа Рашковски.

Засега дисциплинската постапка против овие лица е запрена, поради распишувањето на локалните избори.

Слично

Поврзани вести