Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАШКОВСКИ ЗА ГЕН - СЕК: Спорен или добро обмислен потег?

РАШКОВСКИ ЗА ГЕН - СЕК: Спорен или добро обмислен потег?

Дали поставувањето на Драги Рашковски на местото ген-сек на Владата може да ја детерминира политичката креација на Владата во наредниот период. 

Изненадувањето е во тоа што Рашковски како што објавија повеќе медиуми е „контрапленумец“ односно учествувал во поддршка на измените со кои се воведе државен испит во високото образование. Подоцна по инсистирање на студентскиот пленум овој испит отиде во историјата, но пленумците останаа искрата на надеж која покрена лавина од граѓански иницијативи. Оттаму за познавачите не е логичен изборот на Рашковски, освен ако со тоа се сака да се покаже дека во Владата има место и за различно мислечки луѓе. 

Драги Рашковски на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од 2014 година е доцент на научната област воведни и теоретско-правни науки (право и информатичка технологија)

Досие Драги Рашковски - професор, иноватор, генерален секретар на Влада

Освен Рашковски Владата денеска на првата седница, определи петмина заменици: Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика.

Шеф на кабинетот на премиерот Заев ќе биде Мирјана Јанева, која доаѓа од Струмица.



Слично

Поврзани вести